Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Одбраната ни беше проблем кој успеавме да го решиме, во новата година очекувам успешни настапи
Парондо:  Одбраната ни беше проблем кој успеавме да го решиме, во новата година очекувам успешни настапи

Парондо: Одбраната ни беше проблем кој успеавме да го решиме, во новата година очекувам успешни настапи

Шпанскиот ракометен стручњак, тренерот Роберто Парондо во црвено-црниот клуб првпат доби шанса да води машки тим. Шпанецот покрај обврските со првиот тим на Вардар  е дел од стручниот штаб на репрезентација на Македонија која сега се подготвува за настап на СП-2019. Тој на крајот од годинава, кога се сумираат и резултатите од првиот дел од сезоната 2018/2019 „црвено-црните” се лидери во регионалното натпреварување, а второпласирани во групната фаза од ЛШ.

* По што посебно ќе ја паметите 2018 година

„Годинава на некој начин беше моја прва целосна година како тренер, иако стартував во 2017 година со женскиот тим, но во 2018 година игравме Ф4 на Лига на шампиони, и за жал изгубивме со еден гол во финалето. Потоа стартував со машкиот тим на Вардар и мислам дека моите најдобри спомени од овој период се поврзани со мојата работа со тимот.

* Беше ли малку изненадување кога ја доби поканата да бидеш тренер на машкиот тим на Вардар?

„Секако дека бев малку изненнаден. Знаевме дека Раул си заминува од тимот уште во ноември и многу имиња се спомнуваа како негова замена, но кога Сергеј ми ја понуди позицијата за мене беше големо изненадување. Не ми требаше време да размислувам за понудата, зашто ако некој те праша дали сакаш да бидеш тренер на Вардар прифаќаш. За мене беше лесно да кажам ДА. А потоа, кога работите се договорија, размислуваш за тоа како ќе работиш и како ќе се организираш.

* Со женскиот тим игравте на Ф4, колку е различно и што е потешко, да се работи со машкиот тим или со женскиот тим?

vardarfans-parondo

„Мажите и жеите се секако различни. Ако за жените некои работи се нормални тогаш тоа не важи и за мажите. Но, треба да с еприфатат некои работи. Жените може да имаат некои традиционални начини во играта или загревањата. Но, ракометот е ракомет и тоа треба секако да фунционира. За мене беше лесно да се работи со женскиот тим. Имаше и некои други тешкотии бидејќи беше последна со тој сoстав.

Како изгледа еден нормален работен ден на Парондо?

„Имаме тренинг попладне, а јас сакам да одам во теретана да работам. Тоа е слободно време за мене да не мислам на ништо. Потоа имаме видео, подготвувам видео и тренинг, тоа е околу два часа, а потоа уште два часа тренинг. Потоа доаѓаш дома и имаш уште малку време да се одмориш со семејството.

* Постојано си со компјутер, правиш анализи, гледаш видеа од противниците?

Не сакам да бидам со компјутер и да анализирам постојано. Не уживам, но знам дека треба тоа да го направам. Ако можам да подготвам четири мечеви е подобро отколку три, и да се има повеќе информации. Секогаш сакам да се подготвам повеќе и подобро што можам. На некои играчи им требаат повеќе информации при пдоготовка, а на некои помалку. Затоа треба да имаме повеќе анализи.

…..Целото интервју погледнете го ОВДЕ!