Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Генерациите 2007 и 2008 имаа најмногу победи, тие ја поседуваат и најдобрата одбрана, односно напад
Генерациите 2007 и 2008 имаа најмногу победи, тие ја поседуваат и најдобрата одбрана, односно напад

Генерациите 2007 и 2008 имаа најмногу победи, тие ја поседуваат и најдобрата одбрана, односно напад

Петлињата на Вардар и оваа сезона доминираа на завршниот турнир во детската лига, освојувајќи три, од можни пет трофеи. Вардар стана шампион на Македонија со генерациите родени 2006, 2007 и 2008 година, генерацијата 2009 стигна во најдобрите 16, додека најмладите вардарци од генерација 2010 се пласираа во осумте најдобри екипи.

Што се однесува до статистиката на вардаровите екипите, две генерации имаа идентичен број на победи во натпреварувачката сезона 2018/19. Така, генерациите 2007 и 2008 на Вардар имаа вкупно 40 победи сезона, со што го делат првото место, што се однесува до овој податок. На третото место се наоѓа генерацијата 2006 која сезоната ја заврши со 35 победи, потоа генер. 2010 со вкупно 31 триумф, додека генерацијата 2009 имаше вкупно 30 победи.

Голгетерски најефикасна беше генерацијата 2008, која немаше конкуренција. Двете екипи на оваа генерација постигнаа вкупно 349 голови, додека на второто место се најде генерацијата 2007 со 294 голови. Интересно најмладите вардарчиња од 2010 се најдоа на третото место, со 222 голови, генер. 2006 има постигнато 214 голови, додека 2009 сезоната ја заврши со 201 постигнат гол.

Најдобрата одбрана ја поседува генерацијата 2007 која прими само 52 гола во текот на целата сезона. Второто место е за генерација 2006, со примени 58 голови, додека на третото место се најде генер. 2010 со 70 погодоци во својата мрежа. Генерацијата 2008 прими 73 голови, додека генерацијата 2009 имаше 83 примени голови.