Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Slider > Атман: Вардар ќе биде финансиски стабилен во следните четири години
Атман: Вардар ќе биде финансиски стабилен во следните четири години

Атман: Вардар ќе биде финансиски стабилен во следните четири години

Павел Атман е најзвучното име кое досега потпиша за црвено-црните по крајот на сезоната. Рускиот среден бек кој играше во Бундес лигата ќе го пополни испразнетото место по заминувањето на Игор Карачиќ. Во изјава за рускиот сајт- https://handballfast.com тој појаснува детали околу неговиот трансфер во црвено-црниот тим и очекувањата.

Иако имав серија повреди во Хановер, Кокшаров ми даде доверба и ми кажа дека  тој верува во мене. Се надевам ќе ги надминам пеховите, во Вардар има добар тренерски и медицински персонал кој ќе ми помогне да се вратам на вистинските патеки. Уште минатата сезона имаше разговори да дојдом во Скопје, ама имав договор со Хановер кој тоа го спречуваше. Нема да имам никакви проблеми да го носат дресот на Вардар, иако во минатото бев член на Металург. Добив многу честитки од луѓето во Скопје, фановите на Вардар велат дека одамна посакувале да ме видат во нивните редови. Го познавам многу добро градот, цела Македонија, тие живеат за ракометот. Во разговорите со раководството на Вардар ми потврдија дека имаат стабилни финансии за  наредните  четири години. Од Металург заминав со раскин на договорот, но во Европа има малку ракометни клубови кои можат да ви гарантираат стабилни финансии за подолг период, освен во Германија- вели Атман.