Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар на доминантен начин станаа Шампионки на Македонија
Пионерките на Вардар на доминантен начин станаа Шампионки на Македонија

Пионерките на Вардар на доминантен начин станаа Шампионки на Македонија

Генерацијата ракометарки на Вардар родени 2004/05 година имаа одлична сезона пред себе, успевајќи да станат шампиони на Македонија, во пионерската и кадетска лига. Избраничките на Анжела Пллатон и Марија Папуџиева едноставно се „прошетаа“ низ пионерската лига, домирајќи во секој поглед на ракометната игра. Нашите млади надежи на 12 одиграни натпревари имаа исто толку победи. Во регуларниот дел од сезоната имаа импресивна гол разлика од 247 постигнати и 95 примени голови. Немаше неизвесност на ниту еден дуел, што се однесува до конечниот победник, едноставно немаше противник кој можеше да ни пружи силен отпор. Имавме и убедливи победи и заслужено на крајот се радувавме на трофејот.

Ова се сите постигнати резултати за пионерките на Вардар во натпреварувачката сезона 2018/19:

1 коло: Вардар – Делчево 24:10

2 коло: Вардар – Ѓорче  20:3

3 коло: Металург - Вардар  10:25

4 коло: Вардар – Гостивар  28:5

5 коло: Куманово - Вардар  13:25

60761127_10214403809831263_7125012923411333120_n-660x3301-660x330

6 коло: Делчево – Вардар  15:19

7 коло: Ѓорче – Вардар  12:30

8 коло: Вардар – Металург  26:13

9 коло: Гостивар – Вардар  7:36

10 коло: Вардар – Куманово  24:7

На завршниот турнир на најдобрите четири екипи, Вардар успеа да го освои првото место. Домаќин беше салата „Димитар Вахов“ и ракометниот клуб Делчево. Избраничките на Платон во полуфиналето се сретнаа со екипата на Сани, која бргу го положи „оружјето“ пред нашите девојки, едноставно немаа можност за некој подвиг, ниту резултатска неизвесност. На крајот Вардар славеше убелив триумф. Во големото финале за противник го имавме тимот на Стружанка. Натпревар на кој вардарки имаа постојана предност и на крајот заслужено победија.

pp99

1/2 финале: Вардар – Сани 26:14

ФИНАЛЕ: Вардар – Стружанка  20:18

За МВП на завршниот турнир беше прогласена Бојана Коцева, додека во идеалниот тим на Ф4 турнирот се најдоа и Вероника Ѓорѓиевска ( голман), Сара Стефаноска ( лев бек), Бојана Коцева ( среден бек)