Tuesday ,15 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер. 2006 подеднакво расположена за погодоци и во двете половини од натпреварите
ФК Вардар генер. 2006 подеднакво расположена за погодоци и во двете половини од натпреварите

ФК Вардар генер. 2006 подеднакво расположена за погодоци и во двете половини од натпреварите

Генерацијата 2006 на ФК Вардар игра одлично во својата дебитантска сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Оваа екипа која е предводена од Филип Спасески се наоѓа на врвот на табелата и сигурно чекори после освојување на титулата. После 15 одиграни кола, имаат 14 победи и само еден пораз.

Нашите млади надежи доминираат и во однос на статистиката, кога е во прашање гол разликата. Црвено-црните имаат убедливо најефикасен напад со 74 постигнати голови, а интересно по 37 погодоци имаме во двете половини од натпреварите. Најмногу голови, по 11, имаме во периодите од 51-60 и 61-70 минута. По 10 голови во противничките мрежи сме постигнале од 31-40 и 41-50 минута. Вкупно 9 погодоци имаме во периодите од 0-10 минута, 11-20 и од 21-30 минута. Реализациски сме најслаби од 81-90 минута кога интересно немаме ниту еден погодок, додека 5 гола сме дале од 71-80 минута.

Вардарци ја имаат и најдобрата одбрана, на 15 одиграни натпревари имаат примено само 4 голови. По 2 гола во нашата мрежа паднале во двете полувремиња од дуелите.