Фудбалската федерација на Македонија го делегираше Александар Ставрев за главен делител на правдата на неделното дерби помеѓу Работнички и Вардар. Негови помошници ќе бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов. Дуелот е закажан да се одигра во недела со почеток од 13 часот на арената Филип Втори.
Ова е градско дерби кое секогаш привлекува внимание, иако моменталните позиции на табелата не го говорат тоа. Вардар убедливо е на првото место со 34 освоени бодови, додека Работнички е на четвртото место со 20 бодови. Со победа Вардар може да биде блиску до освојување на есенската титула.