Вардарци стигнаа до шесттата победа во најсиланта група Б, откако вчерва во Германија беа подобри од екипата на Рајн-Некар. Одлично второ полувреме за црвено-црните кога нашиот шампион резултатски се одлепи од противникот кој немаше сили да се врати до крајот.
Добро го отворивме натпреварот каде поведовме со 0:2, а домашниот тим првиот гол го постигнува во четвртатата минута преку Сигурдсон. Во наредниот напад Петерсон го израмни резултатот, Штербик стигнува до својата втора одбрана што му овозможува контра-напад на Чупиќ кој ги враќа оние два гола од стартот. Вардар играше одлично во овој период на играта и во 10 минута успева да стигне и до три голови предност од 4:7. Најдобриот играч на Рјн-Некар промашува удар од седум метри, односно Штербик го брани неговиот удар. Кањелас е наш главен играч во нападот и во моменти кога немавме идеја за погодок, шпанскиот репрезентативец ја преземаше одговорноста да упатува удар. Нова одземена топка во одбраната, што ни овзоможува лесен гол преку Лука Циндриќ за црвено-црните да имаат највисоки 5:9. Тоа беше знач за домашниот тренер, Николај Јакобсен да повика минута одмор. Ова како да ги разигра Германците кои набрзина прават серија од 5:2 и стигнуваат до само еден гол негатива (10:11) во 19 минута од натпреварот. Душебаев го заменува Македа на позицијата десен бек и со својот втор гол зголемува на 12:13. Сепак Рајн-Некар прави повторно мала мини серија, каде најпрво го израмнува резултатот на 14:14, за Менсах Ларсен да донесе прво водство од 16:15. До полувремето Вардар враќа со два гола, а имавме можност на полувреме да заминеме со два гола водство, доколки Кањелас го погодеше празниот гол на противникот. На полувреме имаме еден гол позитива 16:17.
Второто полувреме со гол го отвара Дибиров, за исто како на на стартот на првиот дел да имаме водство од два гола разлика (16:18). Нашиот состав поконцентрирано влегува во овој дел од мечот и со голот на Македа поведува со 17:20. Играчот кој во првото полувреме донесе четири голови предност, Лука Циндриќ повторно го прави тоа за водство од 17:21, додека Дибиров ја исправа грешката од претходната акција и од својта позиција погодува за 17:22. Дефинитвно играме одличен ракомет, Штербик брани зицер удар на противникот, а Циндриќ продолжува да ја полни мрежата на Апелгрин за највисоки 18:24. Кањелас го игра најдобриот натпревар во дресот на Вардар, со бомба удар под пречката од голот на Апелгрин зголемува на веќе високи 20:27. Нов тајмаут за тренерот на бундеслигашот, Јакобсен кој се обидуваше да ги смири своите момци. Рајн-Некар никако неможе да се пробуди во второто полувреме, Штербик стигнува до осмата одбрана, а Стоилов погодува за 20:28. Конечно лошата серија успева да ја прекине Екдал за намалување на резултатот. Мал пад во нашата концентрација му овозможува на домашниот тим да псотигне неколку голови во серија и да намали на пет гола негатива (25:30) на пет минути до крајот. Сепак кој друг ако не Циндриќ по четири минути без гол успева да го пронајде патот кон мрежата и да зголеми на 25:31. Ако за момент помислија дека можат до некаква неизвесна завршница, демантира Штербик кој брани удар од седум метри и става точка на натпреварот. Конечниот резултат гласеше 27:33.
Во сред Германија ечеше Ауфидерсен. Голема победа за нашиот состав во групата Б. Најефикасен беше Кањелас со 10 голови, додека Циндриќ додаде 7. Одличен на голот Штербик со 13 одбрани.