Ставрев Александар од Скопје е делегиран да го суди бараж натпреварот во Кавадарци на ФК Вардар и ФК Скопје.
Негови помошници ќе бидат Дејан Костадинов (Скопје) и Слаѓан Маркоски (Гостивар), додека четврти ќе биде Марјан Младеновски (Скопје).
Бараж дуелот во Кавадарци се игра во недела со почеток од 17 часот.