Фудбалерите на Вардар се на само еден чекор од големата цел, а тоа е враќање во елитата кога тоа најмалку се очекуваше. Играчите на Бобан Грнчаров се веќе херои на ,,црвено – црните” бои, па вреди со малку повеќе среќа на зелениот терен во недела, да бидат наградени со голема победа и враќање во Првата фудбалска лига на Македонија.
Овие играчи играат без плати веќе долго време, но сепак најдоа сили и начин да дојдат на само еден чекор од она што се бараше, а тоа е враќање на ФК Вардар онаму каде што му е местото – во Првата фудбалска лига. Противник е тимот на ФК Скопје. Добро познат тим предводен од Мирсад Јонуз. Во тимот играат и неколку странски играчи, игра и нашиот позајмен играч Мартин Блажевски, но Вардар е Вардар и сигурно дека ќе ,,изгине” на терен за голема победа.
Цело е кога има се, па токму затоа фудбалерите мора и ќе имаат голема поддршка во Кавадарци. Преку 1500 вардарови навивачи веќе се подготвени да тргнат на пат за Кавадарци и да го бодрат својот миленик кон враќање во Првата лига.
Апел до сите Вардарци: Најдете начин и време и дојдете во Кавадарци во недела, сите заедно да му помогнеме на тимот, бидејќи оваа шанса мора да се искористи.
Заедно сме најсилни!
Сите во недела во Кавадарци!