Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар: Обезбедивме автобуси за Кавадарци
ФК Вардар: Обезбедивме автобуси за Кавадарци

ФК Вардар: Обезбедивме автобуси за Кавадарци

ФК Вардар излезе со соопштение во кое се појаснети деталите за заминувањето на баражот за првата лига. Во информацијата се вели:

ЦРВЕНО – ЦРН КАРАВАН!

Ги известуваме навивачите дека собирот во недела, започнува во 12:00ч, пред С.Ц. Јане Сандански.

Обезбеден е автобуски превоз за сите наши навивачи и симпатизери. Црвено – црниот караван трга точно во 14:00ч – БИДИ ДЕЛ ОД НЕГО!

Во 15:00ч, ќе застане во Росоман, каде што на караванот ќе му се приклучат и навивачи од останатите македонски градови.

Од таму, сите заедно ќе се упатиме кон стадионот во Кавадарци.

Фудбалерите се спремни и очекуваат максимална поддршка од трибините.

Бидете дел од црвено – црниот караван, бидете дел од уште една историска победа!

ВАЖНО: Наскоро ќе ја објавиме цената за превоз, како и цената за билет и начинот на кој ќе може да го купите.

СИТЕ ВАРДАРЦИ ВО КАВАДАРЦИ!