Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Натпревари од 20.коло во Супер Лигата, Вардар ќе игра со Пелистер
Натпревари од 20.коло во Супер Лигата, Вардар ќе игра со Пелистер

Натпревари од 20.коло во Супер Лигата, Вардар ќе игра со Пелистер

Претстојниов викенд продолжуваат натпреварите од 20.коло во Супер Лигата, во кое за противник ја имаме екипата на Пелистер.

Во сабота, на теренот во Пржино, ќе се одиграат натпреварите на кадетите и младинците со Пелистер, истите ќе започнат од 11:00 и 13:00 часот.

Со пионерските екипи во недела гостуваме во Битола, во термините од 12:00 и 14:00 часот на игралиштето „Павел Шатев“.