Александар Ставрев е делегиран од ФФМ да го суди градското дерби ФК Работнички – ФК Вардар. Натпреварот ќе има посебно значење, бидејќи на ФК Вардар ќе му биде доделена десеттата титула. На нашиот најдобар судија ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, двајцата од Скопје, а дополнителни судии зад головите се Дарко Стојчевски и Јосип Бартон, исто така од Скопје.
Делегат на мечот е Тони Шалев од Кавадарци.