Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за престојните две пријателски средби против репрезентациите на Азербејџан во Швадорф на 29 мај, и против Иран на нашиот најголем стадион на 2 јуни.
Ангеловски се одлучи на оваа прозивка драстично да го подмлади тимот, покрај искусните Пандев, Тричковски и Шиков, тука се и младите надежи кои играат супер квалификации до 21 година. Покрај нашите млади играчи Дарко Велковски и Бобан Николов, тука се и голманот на Македонија ЃП, Игор Алексовски, Ѓоко Зајков, Давид Бабунски, Бојан Најденов и уште неколку дебитанти.