Во четврток покрај сениорите на ФК Вардар кои и официјално ќе ја добијат десеттата титула, младинската екипа на ФК Вардар и кадетската екипа на Вардар ќе имаат можност со победа да се радуваат на уште една титула. Младинците на ФК Вардар в четврток со почеток во 14 часот на теренот на ФФМ, во националниот младински куп на Македонија во финалната пресметка нашите млади надежи силите ќе ги одмерат против тимот на ФК Академија Пандев.Кадетите на ФК Вардар пак, од 11 часот на истиот терен силите ќе ги одмерат со врсниците од ФК Академија Пандев.
Ова ќе биде натпревар за младинците на Љупчо Марковски кој ќе се обидат со победа да дојдат до обединување на двете круни оваа сезона. Изминатиот викенд младинците на Вардар со убедливата победа над врсниците од Ренова во Тетово ја осигураа титулата во младинската прва лига. Очекуваме младинците да го нападнат и овој трофеј и да ги обединат двата трофеи оваа сезона. Исто така очекуваме и голема борба од нашите кадети, кој најавуваат беспрекорна борба за секоја топка од теренот.