Во недела, 24-ти септември на Градски стадион “Под Тумбе Кафе“-Битола, црвено-црните ќе гостуваат во дербито на Македонија против екипата на Пелистер. Ова е дуел од 7.коло во првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација за овој натпревар за делител на судиската правда го одреди Ставрев Александар од Скопје.
На искусниот македонски судија ќе му помагаат Кировски Марјан (Скопје) и Костадинов Дејан (Скопје), за четврти судија е делегиран Смилкоски Марјан (Прилеп). Делегат на дуелот кој ќе се игра во Битола со почеток во 15 часот и 30 минути е Михајловски Горан (Скопје).