Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Балагуер: Вардар е фаворит, но само на “хартија“
Балагуер: Вардар е фаворит, но само на “хартија“

Балагуер: Вардар е фаворит, но само на “хартија“

Вардар утре го игра вториот натпревар во лигата на шампионите, а прв пред домашната публика. Противник ќе ни биде екипата на Нант, за која ова е втора сезона во најголемото ракометно натпреварување, откако минатата сезона стигнаа до осминафиналето. Во пресрет на дуелот со Вардар, шпанското крило на Нант ги искажа своите очекувања за овој меч, напоменувајќи дека Вардар е фаворит но само на “хартија“.

-Важно е да се освојуваат бодовите на домашен терен, но исто така и од гостувањата. Вардар е фаворит на хартија и одличен колектив, но и ние сме незгодна екипа за секој наш противник. Фокусирани сме на натпреварот со Вардар и сигурно дека ќе им претставуваме голем проблем. Ќе мора да останеме концентрирани на теренот, бидејќи имаат голема поддршка и одлична атмосфера на домашен терен.