Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ставрев повторно ќе му суди на Вардар
Ставрев повторно ќе му суди на Вардар

Ставрев повторно ќе му суди на Вардар

Претстојниов викенд на програмата е второто пролетно коло во рамките на ПМФЛ. Вардар гостува во Тетово кај екипата на Шкендија.

Александар Ставрев повторно ќе му суди на Вардар, откако беше делегиран и во првото пролетно коло во дербито со екипата на Пелистер кое заврши со нерешен резултат (2:2).

На мечот со Шкендија помошници на Ставрев, ќе бидат Гоце Петрески ( Скопје), Бранко Путилин ( Скопје), додека четврт судија е Марјан Младеновски.

Натпреварот ќе се одигра на градскиот стадион во Тетово со почеток од 14:00 часот.