Познат е почетокот на женската ракометна Супер лига. Истиот е закажан за вториот викенд од идниот месец ( 13 и 14.март).
ЖРК Вардар во првото коло ќе биде домаќин на екипата на Стружанка, потоа следи пауза поради ЕХФ неделата и обврските на А-селекцијата на Македонија во квалификациите. Второто пролетно коло, односно 15.коло од сезоната 2020/2021 година е закажано за 27/28.март. Девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар во оваа рунда гостуваат во Гевгелија кај истоимениот женски ракометен состав.
Треба да напоменеме дека прв официјален предизвик оваа ракометна пролет е Купот на Република Македонија каде играме во групата “В“ со Стружанка и Овче Поле СУ. Од оваа 1/4-финална група победникот обезбедува место на Ф-4 турнирот во мај месец. Групата е закажана да се одигра на 6/7.март.
▶️14.коло 13/14.03, ЖРК Вардар-Стружанка
▶️15.коло 27/28.03, Гевгелија- ЖРК Вардар
▶️16.коло 01.04, ЖРК Вардар-Спартак