Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Штерјовски: Наидовме на друг Вардар со нов тренер
Штерјовски: Наидовме на друг Вардар со нов тренер

Штерјовски: Наидовме на друг Вардар со нов тренер

Вардар стигна до првата победа во рамките на првата Македонска фудбалска лига. На стадионот во Ѓорче совладана беше екипата на Победа од Прилеп. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 0:4. Стрелци на головите беа Барсегјан, Којашевиќ, Итало и Фелипе. Ова беше и деби триумф во домашното првенство за новиот стратег на Вардар, Чеде Јаневски. И покрај најавите дека Победа може да стигне до поволен резултат во дуелот со црвено-црните, стратегот на противникот, Зоран Штерјовски призна дека Вардар бил далеку подобар на теренот.

-Наидовме на друг Вардар со нов тренер. Од една страна организација перфекетна, со многу пасови, со повеќе играчи во поле. Од друга страна, ние дезиориентирани во цел меч, немавме шанси и лек против овој Вардар. Се случи тоа што се случи. Многу лесно примавме голови, но не одигравме на она очекувано ниво, но и против нас имавме перфектен и силен Вардар. Имаме два проази во низа, во првите четири кола имаме тежок распоред. Игравме со Пелистер и Вардар, па следи меч со Шкупи. Тука треба да ги бараме бодовите. Затоа што потоа, гостуваме кај Шкендија, рече Штерјовски.