Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што ,,испазари” ФК Вардар ова лето?
Што ,,испазари” ФК Вардар ова лето?

Што ,,испазари” ФК Вардар ова лето?

Летниот преоден рок во Фудбалскиот шампионат на Македонија и официјално истече на полноќ, па така тимовите со своите нови играчи тргнуваат во ,,акција”.

Овој преоден рок за разлика од минатите, беше многу по сиромашен. Не само кај шампионот Вардар, туку и кај сите други тимови – повеќе играчи си заминаа отколку што дојдоа. Вардар овој трансфер период доведе точно десет нови засилувања. Спој на искусни играчи како Блажевски и Петровиќ, но и млади играчи со желба за докажување како Велкоски, Мирчевски..

,,Вардар Фанс” ви ги презентира сите нови фудбалери кои дојдоа во ,,црвено – црните” редови ова лето:

Милован Петровиќ (играч од средината на теренот)
Бојан Најденов (играч од средината на теренот)
Виктор Велкоски (одбрамбен играч)
Дејан Блажевски (напаѓач)
Филип Петковски (напаѓач)
Чарлестон Силва дос Сантос (одбрамбен играч)
Мартин Мирчевски (крилен играч)
Александар Игески (голман)
Марко Мартинага
(лев бек)
Ерен Парталко (крилен играч)