Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Што мислат навивачите за Фк Вардар
Што мислат навивачите за  Фк Вардар

Што мислат навивачите за Фк Вардар

   Не да им честитате и да се дивите на ‘комшивките’ туку да научите како се гине за дресот на клубот! Вие играте за далеку поголем клуб со славна историја и огромна армија навивачи. Секогаш пред да започне натпревар на кој играте и го носите дресот на ‘В А Р Д А Р’ треба да се присетите на тоа…Треба да се присетите и дека дресот не игра сам, треба добро да го испотите, носејќи го амблемот треба да знаете дека истиот е неколкукратно потежок од сите останати тука, вашата одговорност е секогаш најголема, очекувањата од вас се највисоки. Што направивте вие досега во врска со тоа? Ништо…Потфрлате и потфрлате…Се ослонувате на тоа дека нашата љубов е безусловна, нашето трпение бесконечно…За првото сте во право, но за второто подразмислете !

Моментот на пишување на текстов е само колку да ве спушти на земја, да згазнете цврсто на неа и да се освестите. Во очите на јавноста изгледате минијатурни и безначајни, луѓето не го слават туѓиот успех туку го користат истиот да плукнат над вашето и наше име, да ве понижат и да си потврдат себеси дека незаслужено сте прваци. Погледнете, повеќе се руга вашето и наше свето име отколку што се слави туѓото. И во право се луѓето, вие тоа го дозволувате, на теренот играте ко пички, немате срце и не покажавте досега дека сте достојни да го преставувате и браните клубот за кој ние го даваме својот живот!
Доколку имате победнички менталитет текстот ќе го декодирате како инструкција за натамошна надградба, затоа што кога некој ве оспорува а вие го докажете спротивното, тогаш сте победници, ќе гризате цела сезона и ќе ги газите противниците како Фап-Жаба, за да не дозволите да го понижуваат вашиот резултат, да ве гледаат како величина недостижна. Не дозволувајте да бидете во сенка, почнете го заедничкиот победнички марш уште викендов, ПОКАЖЕТЕ ДЕКА ВРЕДИТЕ, и чекајте го моментот на соочување со комшиките, кои се секогаш мотивирани да го поразат оној кој ги силува со години и оној поради кого никогаш нема да пркнат и бел ден да видат, секогаш ќе бидат само втори на заедничката адреса.
Направете не горди!
СРЕЌНО ВАРДАР!

НАПОМЕНА: Текстот не е авторско дело на редакцијата на вардарфанс.мк , истиот е преземен од фб профилот на КЛУБ КОМИТИ.