Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Жрк Вардар ги престави новите засилувања Дамњановиќ и Човиќ
(ФОТО) Жрк Вардар ги престави новите засилувања Дамњановиќ и Човиќ

(ФОТО) Жрк Вардар ги престави новите засилувања Дамњановиќ и Човиќ

Нашиот шампион на денешната пресконференција ги престави двете нови девојки во црвено – црниот табот . На средбата со новинарите беа преставени  Сања Дамњановиќ која е засилување на позиција лев бек и среден бек, и Андреја Човиќ којa е пикер .

По овој повод изјави за јавноста даде Гордана Нацева, претседателот на женскиот колектив која вели :

Годинава го сведовме изборот на само двајца, особено на позиции за кои сметавме дека ни се неопходни. Самиот факт што имаме само две засилувања, ми дава надеж дека брзо ќе се вклопат и добро ќе работат. Ние работиме тимски, и тие покажаа дека брзо се адаптираа и имаат поддршка од соиграчите.

Нашето засилување од Вибор Дамјановиќ на својот прв прес како играч на Жрк Вардар изјави :

Задоволство ми е што дојдов во Вардар, и ќе бидам дел од проектот и во остварување на целта. Знам што е целта. Играв во Вибогр кој е голем клуб, но, немав прилика да го освојам пехарот во ЛШ. Тоа ми е голема желба. Ќе дадам се од себе да ја остварам целта. Сега треба да влеземе на Ф4, тоа ќе биде потешко сега, зашто сите клубови се засилија, повредените се опоравија. Но, има време за се. Се чувствувам како дома. Ќе се трудам на учам македонски, иако се разбирам. Тренерите се тука да ни помогнат. За овие денови колку што сум тука, гледам дека имаме добра комуникација со нив. Сега се подготовки, работиме како што треба, Тешко е, но само со позитивна енергија се ќе биде како што треба.

Младата 21 годишна Човиќ чии последен клуб пред доаѓањето во Скопје беше Подравка кратко изјави :

Знам дека сум многу млада, но ќе ми биде големо задоволство да играм со вака добри играчи. Задоволна сум. Многу ми помогнаа Пенезиќ и Зебиќ да се снајдам. Очекувам добри резултати