Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Дејан Стоименов: До крајот на сезоната атакуваме на сите победи, иако е многу оптимистички ние сме Вардар и одиме да ја освоиме двојна круна
Дејан Стоименов: До крајот на сезоната атакуваме на сите победи, иако е многу оптимистички ние сме Вардар и одиме да ја  освоиме двојна круна

Дејан Стоименов: До крајот на сезоната атакуваме на сите победи, иако е многу оптимистички ние сме Вардар и одиме да ја освоиме двојна круна

Кадетите на ФК Вардар стигнаа до минимална но многу важна победа во дуелот со екипата на Ренова. Избраниците на Влатко Колев на теренот во населбата Јане Сандански славеа со резултат 1:0. Ова беше последно коло во есенскиот дел од сезоната. Стрелец на единствениот погодок на овој меч, вреден три бода беше Дејан Стоименов.

-Натпреварот беше цврст и неизвесен. Двете екипи  и ние и Ренова игравме многу претпазливо. Знаевме дека противникот е во горниот дел на табелата и дека нема да биде лесна утакмица, а исто така и времето беше лошо за игра. Сепак ние бевме посконцентрирани на мечот и знаевме што сакаме, а тоа беше победата. Целата екипа одигра како што беше договорено пред почетокот и работено на тренинзите. Сите сме задоволни што на крај ги освоивме трите бода.

На крајот од есенскиот дел, Вардаровите кадети се наоѓаат на второто место на табелата со само еден бод заостанување зад екипата на Работнички. Девет победи, еден нерешен резултат и само еден пораз е учинокот на оваа генерација по завршување на првиот дел од сезоната.

-Есенскиот дел помина многу добро, на делба сме на првите две позиции со нашиот ривал, екипата на Работнички. На некои натпревари да бевме посконцентрирани сега ке бевме сигурно есенски шампиони. До крајот на сезоната атакуваме на сите победи, иако е многу оптимистички, ние сме Вардар и одиме да ја освоиме двојна круна, изјави Стоименов за нашиот сајт.

Звонко Ивановски