Во текот на вчерашниот ден во нашиот спортски храм- Спортскиот центар “Јане Сандански“ во неговата мала и голема сала се одигра треттото коло во ракометната Вардар Јуниор Лига. Екипата на Опш. Кисела Вода Вардар и тимот на РК Делчево Вардар триумфираа во машка категорија во мечевите кај момците родени 2002 и 2003 година.
Во првиот дуел во генер.2002/03 се сретнаа Опш. Кисела Вода Вардар со РК Бисинов Вардар. Победници беа Кисела Вода во еден борбен дуел со 19-17. Мечот со два последователни гола за предност 0-2 го отвори Бисинов. Момците од К.Вода веднаш по почетниот неуспех се враќаат на сцена и со серија 4-0, од два негатива идат во два позитива, тие поведуваат со 4-2. Веднаш потоа ја зголемуваат предноста со 3-1 серија и на 7-3. Докрајот на првиот дел се играше игра гол за гол, на одмор се замина со резултат 11-6 во корист на К.Вода.
Вториот дел почна со погодок за момците од скопска К.Вода и водство од 12-6. Бисинов непланираше да се предава бидејќи имаше цело полувреме пред себе со серија 1-4 намалуваат на 13-10. Потоа се до крајот ниедна екипа не влезе во серија се играше погодок за погодок со што Кисела Вода ја зачува предноста и победи со 19-17. Кај победникот најдобар стрелец и најдобар поединец на целиот меч во двата табора беше Соколовски кој погоди 10 пати. Кај поразените се истакнаа: Кузмановски и Атанасовски тие стрелаа по 4 пати.
Во вториот дуел се сретнаа момците од ГРК Гостивар со РК Делчево, победници од овој меч кај момците излегоа играчите на РК Делчево кои во еден интересен и ефикасен дуел победија со 16-20. Делчево поведе со 0-1 на овој дуел, веднаш на тоа одговори Гостивар со гол за изедначување 1-1. Момците од Делчево во игра гол за гол поведуваа, а Гостивар изедначуваше пет пати по ред. Нерешено беше постојано најпрвин 2-2, па 3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6. Тука на крајот од првиот дел со серија 0-3 делчевските ракометари се одлепија на 6-9 пред паузата.
Вториот дел почна со погодок за Гостивар и намалување на водството на 7-9. Се играше во продолжение гол за гол паднаа по два гола за резултат 9-11. Следеше серија 1-3 за водство од 10-14 за Делчево односно “плус четири“. Ова беше круцијално за одредување на победникот на овој дуел. Докрајот во изедначен натпревар по шест гола постигнаа двата тима за победа на РК Делчево со 16-20. Кај победникот Милев имаше 7 гола, кај поразените најефикасне беше Стојчевски со 8 погодоци.
НАПОМЕНА: Од двата дуели од кој ви донесовме извештај кај момците родени 2002 и 2003 година во текот на денешниот ден на нашиот веб-сајт беше поставена фотогалерија која може да ја погледнете-ОВДЕ.