Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Кристијан Стојановски: Дуелот со Милано беше нов предизвик за да се зацврстиме на првото место
Кристијан Стојановски: Дуелот со Милано беше нов предизвик за да се зацврстиме на првото место

Кристијан Стојановски: Дуелот со Милано беше нов предизвик за да се зацврстиме на првото место

Седма победа и вкупно 22 освоени бодови, по осум одиграни кола за помладите пионери на ФК Вардар кои се наоѓаат на првото место на табелата во својата возрасна генерација. Милано беше последната екипа која загуби во дуелот со нашите млади надежи и тоа на својот терен во Куманово, каде црвено-црните славеа со резултат 0:2. Еден од головите беше дело на Кристијан Стојановски, кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од триумфот против екипата на Милано.

-Овој дуел беше наш нов предизвик за да ја зацврстиме позицијата на првото место. Поседот на топката беше на наша страна, но имавме проблеми со завршницата. Конечниот резултат сигурно ќе беше изразен со поголема разлика доколку ги реализиравме сите шанси. Сепак најбитно ни беше да ги освоиме трите бодови и да ја продолжиме победничката серија. Задоволен сум од прикажаната игра на екипата, сепак не е лесно да одржуваш силно темпо на игра на секој натпревар.

2119

Стојановски летово ги засили помладите пионери на Вардар, кој дојд од екипата на Металург. Очекувањата се да ја освои двојната круна со новиот тим.

-Сезоната ја започнавме одлично како и што очекуваме. Дојдов како ново засилување во екипата на Вардар, во која од претходно се знаев со повеќето играчи па затоа и брзо се вклопив со оваа екипа. Оваа сезона со голема желба и мотив одиме да ја освоиме двојната круна. Ќе биде тешко, одиме натпревар по натпревар, долга е сезоната и ни претстојат уште многу предизвици.

Звонко Ивановски.