Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Петејчук, Величковски, Илиевски, Ѓурковски и Андоновски во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Бугарија
Петејчук, Величковски, Илиевски, Ѓурковски и Андоновски во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Бугарија

Петејчук, Величковски, Илиевски, Ѓурковски и Андоновски во составот на фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Бугарија

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години се наоѓа во Бугарија, каде денес и во четврток ќе одигра два контролни натпревари против соодветната домашна селекција. Селекторот на Македонија, Марио Вујовиќ за овие пријателски мечеви, повика дури пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар.

Деби во составот на оваа репрезентација ќе има десниот бек на Вардар, Анатолиј Петејчук. Овој играч е стандарден во составот на помладите пионери на Вардар оваа сезона, а доби можност на еден натпревар да биде дел и од првите 11-сетмина кај пионерите на Вардар на гостувањето во Битола против екипата на Пелистер. За прв пат добива повик да биде дел од националната репрезентација, додека во Вардар е втора сезона откако дојде од екипата на Прилеп. Тука се уште и голманот Матеј Величковски кој исто така дебитира за репрезентацијата, потоа Марио Илиевски, Александар Ѓурковски, како и новото засилување на Вардар кое оваа сезона пристигна од екипата на Металург, се работи за играч од средината, тоа е Филип Андоновски, кој на стартот на сезоната играше за кадетите на Вардар, додека последните два меча во првенството ги одигра како стартер кај пионерите.

Добрата игра на помладите пионери на Вардар кои се наоѓаат на првото место во својата генерација, беа препорака за селекторот Вујовиќ да ги повика Петејчук и Величковски, додека Илиевски, Ѓурковски и Андоновски веќе имаат искуство со настапи за оваа млада репрезентација.