Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Георг Стојановски најдобар стрелец во двете вардарови генерации, кои се натпреваруваат во регионалната-скопска -лига
Георг Стојановски најдобар стрелец во двете вардарови генерации, кои се натпреваруваат во регионалната-скопска -лига

Георг Стојановски најдобар стрелец во двете вардарови генерации, кои се натпреваруваат во регионалната-скопска -лига

Двете вардарови екипи кои се натпреваруваат во регионалната – скопска лига, генерациите родени “2003“ и “2004“ година се есенски шампиони во својата категорија.

Најдобриот стрелец во овие две вардарови генерации е Георг Стојановски, кој успеа да постигне 16 голови. Ова момче настапува за генерацијата “2004“, за која пропушти неколку натпревари поради повреда, но сепак успеа да биде најдобар стрелец во двете генерации. Минатата сезона во детската лига беше рекордна за Георг, кој успеа да постигне дури 81 гол, што е рекорд за еден играч во младинските категории на ФК Вардар. Второто место на оваа листа е за играчот на генерацијата “2003“, се работи за Лео Андрески кој постигна 11 голови, додека третото и четвртото место се за Никола Павлески и Сандро Каровски, кои имаат по 9 голови. ТОП-5 листата на најдобри стрелци ја заокружува Александро Прелоговски кој има 7 погодоци.