Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ: Го напаѓаме врвот на Европа, се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и дека истиот ќе го освоиме
Пенезиќ: Го напаѓаме врвот на Европа, се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и дека истиот ќе го освоиме

Пенезиќ: Го напаѓаме врвот на Европа, се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и дека истиот ќе го освоиме

Во текот на вчерашниот ден, екипата на ЖРК Вардар означи старт на подготовките за вториот дел од сезоната. Вардарки имаа одлична полусезона, која ја финишираа без ниту еден пораз. Во сите три натпреварувања ( Лигата на Шампионите, супер лигата и регионалната лига) одигравме вкупно 24 натпревари на кои остваривме исто толку победи.  Левиот бек на црвено-црните, Пенезиќ верува дека Вардар ќе има добра година и конечно ќе успеа да стигне до толку посакуваната Европска титула.

-Добро го одработивме првиот дел од сезоната. Ние сме единствена екипа без пораз. Имавме и доволно време за одмор и сега сме подготвени да тргнеме. Сакам да продолжиме со исто темпо и сакаме да ја победиме секоја екипа за да имаме во четврт финалето полесен противник. Го напаѓаме врвот на Европа и се надеваме дека ќе се пласираме на Ф4 турнирот и ќе се обидеме да го освоиме. Мислам дека лани бевме многу блиску, еден гол разлика, беше чиста среќа. Не можам да кажам дека Ѓер беше поискусна, туку за такво нешто треба и малку среќа. Годинава и ние сме поискусни и се надевам дека ова е наша година, изјави Пенезиќ за официјалната страна на клубот.