Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Георг Стојановски: Победата со секоја екипа ми е драга, секој гол подеднакво важен и на секој натпревар се трудам да бидам најдобар што можам
Георг Стојановски: Победата со секоја екипа ми е драга, секој гол подеднакво важен и на секој натпревар се трудам да бидам најдобар што можам

Георг Стојановски: Победата со секоја екипа ми е драга, секој гол подеднакво важен и на секој натпревар се трудам да бидам најдобар што можам

Претстојниов викенд стартуваше пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории и регионалната-скопска лига, а првото пролетно коло го одбележа Георг Стојановски. Ова момче кое во есенскиот дел настапуваше за генерацијата родени “2004“ година и беше најдобар стрелец, во пролетниот дел е прекомандуван во една повозрасна генерација, тоа се момчиња родени “2003“ година. Сепак младиот Гео, кој инаку е внук на фудбалската тренерска легенда, Ѓоко Хаџиевски, на стартот на пролетниот дел дебитираше и за генерацијата родени “2002“ година или помладите пионери. Тренерот Сашо Тодоровски му даде шанса за настап во второто полувреме, а Стојановски врати на најдобар можен начин со дебитански гол во дресот на оваа екипа.

-Искрено, после повикот од тренерот Горан Петрески да настапувам со една генерација постари играчи, не очекував дека оваа година ќе добијам шанса да играм и за помладите пионери предводени од Тодоровски. Нормално дека овој повик го сметав како голем предизвик и напорно работам за да ги исполнам очекувањата на тренерите како и своите. Среќен сум што добивам шанса да играм против постари и физички појаки противници, и тоа го сметам како голем напредок во мојата кариера исто како и работата со тројца тренери од кои собирам различни искуства.

29026350_10211587577627218_7653926399178178560_n

Тоа не беше се од Георг, кој беше во стартниот состав и на генерацијата “2003“ на Вардар, која убедливо ја победи Форца, во рамките на регионалната-скопска лига. Резултатот беше дури 15:0, а Стојановски успеа да постигне дури пет голови.

-Победата со секоја екипа ми е драга, секој гол подеднакво важен и на секој натпревар се трудам да бидам најдобар што можам. Се надевам дека и понатаму ќе продолжам со добри игри и ќе помогнам во добрите резултати и на двете генерации на Вардар. 

Звонко Ивановски