Вардарки со победа ја заокружија главната рунда во Лигата на Шампионите, откако славеа на гостувањето во Подгорица против екипата на Будуќност (25:30). Црвено-црните завршија на првото место во групата и во четвртфиналето за противник го добија тимот на Митјиланд. Две наши ракометарки се најдоа во изборот на ЕХФ, за најдобри одбрани и голови на колото.
Александра Лакрабер го има третиот најубав гол, додека Суслина е со најдобра петта одбрана. Видеото со најдобрите пет голови на колото погледнете го на линкот, ТУКА, додека видеото со најдобрите пет одбрани, на линкот, ТУКА.