Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2004“ година го освои првото место на турнирот во Сандански (Бугарија). Нашите млади надежи забележаа вкупно пет победи и само еден пораз на целокупниот турнир. Успехот добива на поголема тежина, ако се знае дека во полуфиналето и финалето ги победивме екипите на Левски и ЦСКА од Софија, кои важат за едни од најсилните организирани екипи и фудбалски школи. Вардарци го имаа момчето, кое беше прогласено за најдобар стрелец на турнирот. Георг Стојановски со вкупно 12 постигнати голови, од кои на три пати со хет-трик, беше најзаслужен за освоеното прво место. Сите четири погодоци на последните два натпревари беа негово дело, три против Левски и еден против ЦСКА, вреден злато.
-Многу сум задоволен од самиот турнир и од целата организација, но највеќе од освоеното прво место и секако поради тоа што бев прогласен за најдобар стрелец на турнирот. Целта ни беше да прикажеме добра игра, но потајно се надевавме на освојување на првото место. Многу години напорно тренираме под водство на тренерот Филип Арсовски и се чуствувавме добро подготвени. Секако освоеното прво место ни дава поттик и мотив да продолжиме да работиме повеќе и да постигуваме поголеми успеси, изјави Георг Стојановски.
Звонко Ивановски