Изминатиов викенд гостин на кадетките на ракометниот клуб Вардар, беше екипата на Раднички од Ниш. Взаемната соработка помеѓу двата клуба, која започна од турнирот во Белград, продолжи и во Скопје. Во координација со клубот, падна договорот Раднички да биде наш гостин и спаринг партнер. Инаку девојките од екипата на Раднички беа сместени по домовите на нашите ракометарки. Имаа взаемно дружење, со прошетки низ главниот град, како и на Водно. Беа присутни во спортскиот центар Јане Сандански на ракометните натпревари на првите тимови на Вардар во лигата на шампиони. после завршување на мечот со екипата на Будуќност беа срдечно поздравени испратени. Престојот на Раднички во Скопје се искористи да се одиграат и два контролни натпревари. Еден ден двете екипаа имаа заеднички тренинг, додека во петокот и саботата одиграа пријателски мечеви. По една победа им припадна на Вардар и Раднички.