Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Блажевски најдобар стрелец во Вардар, Ќеран влегува во гол форма!
Блажевски најдобар стрелец во Вардар, Ќеран влегува во гол форма!

Блажевски најдобар стрелец во Вардар, Ќеран влегува во гол форма!

По ова одиграно прво пролетно коло, или вкупно 19-есето во ФК Вардар имаме нов стрелец кои се запиша во листата на стрелци оваа сезона. Тоа е Драган Ќеран новиот напаѓач на ФК Вардар. Ќеран на деби настапот за Вардарци постигна два погодоци пред своите нови навивачи. Од дрга страна пак, Дејан Блажевски откако влезе на теренот во 46 минута, успеа да постигне еден погодок, но и да запише и една ефектна асистенција токму при вториот гол на Ќеран.

Тоа значи дека досега популарниот Шиле има постигнато вкупно 9 првенствени погодоци, одма зад Шиле е Филип Ивановски кој има постигнато 7 погодоци досега. Очекуваме во Турново, веќе во недела бројките на нашите напаѓачи да се зголемат.