Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почина Ристо Тодоровски, човекот кој беше дел од Фк Вардар цели пет децении
Почина Ристо Тодоровски, човекот кој беше дел од Фк Вардар цели пет децении

Почина Ристо Тодоровски, човекот кој беше дел од Фк Вардар цели пет децении

Денес на 90 годишна возраст почина еден од луѓето кој помина повеќе од пет децении, се работи за Ристо Тодоровски, кој е поранешен физиотерапевт на фудбалскиот клуб Вардар. Тој беше дел од клубот уште од основањето во далечната 1947 година. Го виде во својот работен век “раѓањето“ на црвено-црниот гигант. Беше сведок на првиот освоен национален куп во 1961 година, како и во трагичната за Вардар и Скопје 1963 год , кога нашиот клуб ги живееше премрежијата на замјотресот. Со црвено-црните ја дочека шампионската титула во 1987 година. Беше врвна сенка и дел од многу подеми и падови на Фк Вардар, одлични прволигашки сезони, испаѓање од елитата во ЕКС-ЈУ и второлигашките мечеви, кога цело Скопје и Македонија со нетрпение чекаше повторна промоција во најсилната фудбалска конкуренција во поранешна Југославија. Ќе го запомнат многу генерации на фудбалери на скопскиот тим, како човек кој прв им пружаше помош, кога имаа повреди здобиени бранејќи ги црвено-црните бои.