Почна да се ”буди” и Лазовиќ. На дерби натпреварот од Лигата на Шампионките против Европскиот првак Будуќност видовме на дело некоја нова Барбара Лазовиќ. Популарната Барби одигра меч за паметење, му даде шест погодоци на Европскиот првак и со самото тоа беше и најдобар стрелец во нашиот тим и на натпреварот заедно со Булатовиќ која исто така постигна шест погодоци.
Да се задржиме ние кај нашата Барби. Откако дојде Давид Камара како помошник тренер Барбара почна да игра за една до две класи подобар ракомет од тоа што го прикажуваше на предходните дуели. Освен овој последен натпревар каде што Лазовиќ одигра маестрално, и на натпреварот во Букурешт Лазовиќ одигра еден коректен натпревар, постигнувајќи четири погодоци. Значи на последните два натпревари Барбара има постигнато вкупно десет погодоци. Инаку Лазовиќ досега има постигнато 24 погодоци во ЛШ, што е за 11 помалку од минатата сезона кога имаше 35. Но оваа сезона е долга, па го очекуваме најдоброто од Лазовиќ на натпреварите од 1/4 финалето, па и 1/2 финалето, а зашто да не и на финалниот натпревар од ЛШ. Останува да чекаме, но несомнено Лазовиќ има потенцијал да напредува уште повеќе и повеќе и од натпреварот со Будуќност.