Во среда (03.03.2021) ќе се одигра 21.коло во првата македонска фудбалска лига. Вардар ќе гостува во градскиот стадион во Тетово на екипата на Ренова.
ФФМ ги делегираше судиите за третото пролетно коло, а главен делител на правдата за натпреварот на Вардар ќе биде Игор Стојчевски (Скопје), додека за негови помошници се одредени Дејан Неделкоски ( Скопје) и Дејан Димитријевиќ (Скопје).
Натпреварот во среда ќе стартува од 14:00 часот.
ФОТО: Вардар – фото галерија