Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Грозданоски со повик до Ѓоргоски и Давков за контролните дуели на Македонија У19
Грозданоски со повик до Ѓоргоски и Давков за контролните дуели на Македонија У19

Грозданоски со повик до Ѓоргоски и Давков за контролните дуели на Македонија У19

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари со селекцијата на Босна и Херцеговина.

За нов селектор на оваа млада репрезентација е назначен поранешниот играч на Вардар, се работи за Влатко Грозданоски кој во иднина ќе работи со Македонија У19.

За натпреварите кои ќе се одиграат на гостински терен на 9 и 11.март, селекторот Грозданоски повика 3 играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Ѓоргоски, Грегори Давков и Абдулах Хасани.

Собирот на репрезентативците е закажан за на 7.март.