Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Гостување кај МЗТ Уни Банка, шанса за Вардар да влезе во серија
Гостување кај МЗТ Уни Банка, шанса за Вардар да влезе во серија

Гостување кај МЗТ Уни Банка, шанса за Вардар да влезе во серија

По одличниот дуел одигран во “Кале“ минатиот викенд кога момците на Јованчев Александaр успеаа да победат против Кожув, веќе утре ги очекува нов дуел. Станува збор за заостанат напревар од 7.коло во кој ние гостуваме во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Наш ривал е младиот тим на „штрковите“, екипата на МЗТ Уни Банка од Аеродром. Мечот е закажан со почеток во 16:30 часот (03/03/2021). Овој дуел на кој сме фаворити за победа ни е шанса да влеземе во победничка низа.