Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар ќе се обидат оваа сезона да ја одбранат двојната титула кои ја освоија во минатата натпреварувачка сезона. Избраниците на Сашо Тодоровски со осум победи, еден нерешен резултат и два порази се вицешампиони во есенскиот дел од сезоната. Како помина полусезоната за оваа екипа ќе можете да прочитате од членот на Вардаровите пионери, Марко Стојчески.
-Имавме одличен есенски дел, како што им доликува на освојувачи на двојна круна после одличните припреми на чело со Сашо Тодоровски во летниот период. Одлично игравме цела полусезона, меѓутоа во првенствените утакмици со Шкендија и Шкупи распоредот беше многу густ и со куп натпреварите со Шкендија и во таква една ситуација дојде до израз и уморот на репрезентативците кои во меѓувреме беа ангажирани и за натпревари со репрезентацијата. Отсуството на Марко Ѓорѓиевски секако е огромен губиток за нашата генерација,бидејќи е огромен талент.
Еден бод е предноста на лидерот Шкупи пред екипата на Вардар. Во пролетниот дел не очекува голема борба за титулата, каде Вардар го брани трофејот од минатата сезона.
-За пролетниот дел според мене може да е решавачки меѓусебниот дуел со Шкупи, меѓутоа најбитно е во секоја утакмица да влеземе максимално подготвени,бидејќи се подготвуваме со нашиот одличен тренер Сашо Тодоровски. Секако дека можеме да ја одбраниме двојната титула бидејќи сме најсериозни кандидати за тоа поради одличните услови за тренинг и одличната тимска работа. За себе можам да кажам дека имав најдобра полусезона во кариерата во Фк.Вардар поради константната игра и минутажа. Очекувањата , како и што спомнав, се одбрана на двојната круна.
Во понеделникот пионерите го имаа првиот собир во новата година.
-Подготовките стартуваа во многу добра и позитивна атмосфера , со планови за зголемување на формата на сите играчи со престојните припреми пред почетокот на пролетниот дел.
Звонко Ивановски