Меѓусебниот дуел на Вардаровите играчи во четвртфиналето на СП му припадна на Лука Циндриќ кој со репрезентција на Хрв,атска успеа да ја елимира Шпанија, за која настапуваат Кањелас и Душебаев.
Натпреварот со два гола го отвори крилото на Шпанија, Балагер за почетна предност од 2:0, но набрзина врати Хрватска за изрмнување на 2:2. Средниот бек на Вардар, Кањелас носи повторно предност на Шпанците, но одличниот Марко Мамиќ носи прво водство на својата репрезентација од 3:4. Во продолжение од мечот се играше гол за гол на свете страни. Гледавме динамичен натпревар каде двете репрезентации се менуваа во водство. Шпанија повторно стигнува до оние два гола предност од почетокот (8:6) но Мамиќ со два гола во серија враќа за ново водство на Хрватска од 8:9. Во следните пет минути гледаме прва предност од два гола и за Хрватска и тоа со погодокот на Контрец. Шпанија не дозволува одлепување и го израмнува резултатот на 11:11. Со шестиот гол на Мамиќ, Хрватска поведува со 11:12, што значи половина од головит во вој период беа дело на левиот бек на Данкерк. За одбележување е влегувањето во игра на Лука Циндриќ, кој до крајот на првото полувреме постигнува два гола и носи предност на Хрватска од 15:17 по истекот на првите 30 минути.
По три минути во второто полувреме, Хрватска преку Хорват стигнува до највисоки три гола (16:19), благодарение на петтата одбрана на голманот Стевановиќ. Избраниците на Жорди Рибера имаат многу лош старт на вториот дел каде успеваат да постигнат само еден, наспроти четири гола на Хрватска, за во 35 минута, Хрватска да има сериозно водство од 16:21. Тоа беше знак за селекторот на Шпанија да повика тајмаут кој резултираше со два гола во серија на неговиот тим за намалување на 18:21. По десет минути игра, Циндриќ со својот трет гол одржува предност на Хрватска од четири голови (20:24). Трет гол и за друг играч на Вардар, Душебаев ја враќа својата репрезентација и намалува на 22:24. Лука покажува дека се наоѓа во одлична форма и со својот четврти гол зголемува на 24:27. Сепак Шпанија не се предава и по неколку неколку обиди успева преку Душебев да го израмни резултатот на 28:28 во 54 минута. Во една неизвесна завршница, Хрватска успева да слави со резултат 29:30. Шпанија имаше напад за израмнување но не успеа да упати удар кон голот на Стевановиќ.
Циндриќ и Душебаев постигнаа по 5 голови, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Кањелас. Покрај Хрватска во полуфиналето ќе играат уште Норешка, Франција и Словенија.