Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Лука Стојковски и Стефан Тасев-голманските надежи на Фк Вардар
Лука Стојковски и Стефан Тасев-голманските надежи на Фк Вардар

Лука Стојковски и Стефан Тасев-голманските надежи на Фк Вардар

На неодамна завршениот турнир во Благоевград ( Бугарија) за фудбалери родени “2003“ и “2004“ , свои позитивни впечатоци оставија голманите на Вардаровите категории кои се натпреваруваа на турнирот. Фк Вардар генерација “2004“ го освоија одличното четврто место и играа во полуфиналето. За најдобар голман на турнирот, на крајот беше прогласен Вардаровиот чувар на мрежата од оваа генерација, Стефан Тасев кој имаше одлични настапи. Тоа не помина незабележано од организаторите на турнирот, кај кои немаше двоумење за каде ќе припадна наградата најдобар голман.

Ова е уште едно големо признание за Стефан, второ по ред за многу краток период. Оваа голема надеж на Македонскиот фудбал и Вардар, беше прогласен за најдобар голман и на меѓународниот турнир во Охрид “Фер плеј куп“. Вистински потег прават луѓето од клубот задолжени за најмладите категории, кога решаваат да го донесат во Вардар. Ова е само негова втора сезона во црвено-црниот дрес, откако премина од тимот на Работнички. За краток период, веќе зад неговото име стојат големи признанија.

Вториот млад голман, кој настапува за Фк Вардар генерација “2003“ е Лука Стојковски. Тој е роден во Куманово и веќе трета година настапува за екипата на Вардар. Се работи исто така за одличен голман, кој своите квалитети ги покажа на споменатиот турнир во Бугарија.

Во мечот за пласман, против екипата на Славија Софија, нашите надежи го добија дури после изведување на удари од белата точка. Во тој пенал-рулет, Лука одбрани дури три удари на противникот. На неговите успешни интгервенции, не останаа рамнодушни присутните гледачи кои со аплаузи ја проследија секоја негова одбрана.

Овие големи успеси  не би биле, ако со нив не работи Вардаровата легенда Слободан Мутибариќ. Секако голема заслуга за овие признанија на младите голмани се препишува и на популарниот “Муто“ , кој несомнено со голема љубов работи со овие млади дечиња. Истите во иднина треба да бидат вистински професионалци и голем потенцијал за Вардар и Македонскиот фудбал.