Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > (РЕТРО ВИДЕО) Дали ќе се повтори “ауфвидерзен“ за Рајн-Некар
(РЕТРО ВИДЕО) Дали ќе се повтори “ауфвидерзен“ за Рајн-Некар

(РЕТРО ВИДЕО) Дали ќе се повтори “ауфвидерзен“ за Рајн-Некар

Еден од моментите кои оставија посебен белег од навивачки аспект минатата сезона, беше дуелот во Јане Сандански помеѓу екипите на Вардар и Рајн-Некар. Црвено-црните на двата меча во групната фаза го надиграа големиот бундеслигаш, особено убедливи бевме на нивниот терен. Во Скопје заврши 28:25, а последните 5 минути поминаа во знакот на Комити, кои скандираа “ауфвидерзен“ за Германците. Потоа им се придружи и цела сала, која беше максимално исполнета. Глетката беше спектакуларна и добро ќе биде повторно да се потсетиме на тие моменти. Во новата сезона повторно не очекуваат дуели со истиов противник, кој сме сигурно дека нема повторно лесно да помине против нашиот шампион. Првиот натпревар е на 10-октомври во С.Ц. Јане Сандански.

Уживајте во краткото видео, кое повторно ќе не врати во сеќавање на тој дуел.