Вардаровата генерација “2003„ беше дел од силен меѓуанроден турнир “Пандев Куп 2018„ на кој го освои третото место. Во конкуренција на осум силни екипи, црвено-црните на крајот го освоија бронзениот медал. Првите две места им припаднаа на српските екипи, Реал Ниш и Јагодина, додека четвртото место му припадна на домаќинот на турнирот, тимот на Академија Пандев. За впечатоците од целокупниот турнир, можете да прочитате од изјавата на капитенот, Лука Стојковски.
-Организацијата на турнирот беше одлична и самато учество беше на задоволително ниво. Иако турнирот го почнавме многу добро и стигнавме до полуфиналето, на мечот против Реал Ниш играта беше во наши раце, но среќата ни го сврти грбот и примивме гол кој беше пресуден да го изгубиме натпреварот. На натпреварот за третото место бевме посконцентрирани, успеавме да го совладавме домаќинот со резултат 1:0.
-Оваа генерација во новата сезона како помлади пионери, ќе ја имаат дебитантската сезона во првенството, а нивни тренер ќе биде Филип Деспотовски.
Успешно ги започнавме подготовките со новиот тренер, кој ни влева многу доверба дека само со работа многу труд и дисциплина ќе стасаме до одлични резултати. Јас сум презадоволен од тренерот Филип Деспотовски и како тренер, психолог и педагог.
Токму Лука ја доби наградата за најдобар голман на турнирот, иако не ја очекувал, сепак смета дека е заслужена.
-Искрено не очекував да ја добијам наградата за најдобар голман, со оглед на освоеното трето место, но сепак мислам дека оваа награда е резултат на целокупното учество на турнирот, со само еден примен гол. Во иднина посакувам многу успеси на мојот тим, под “палката„ на Филип Деспотовски, истакна чуварот на мрежата на Вардар.
Звонко Ивановски