Кошаркарска репрезентација на Македониоја М-18 го освои 18. место на Европското првенство – Б дивизија, кое се одржува во Скопје. Вчера во дуелот за 17/ 18 место, кој се одигра во СРЦ „Кале“, нашите надежи минимално беа поразени од Швајцарија со 64-65 (6-20, 22-14,11-20, 25-11).
Во текот на целиот дуел избраниците на Милевси го бркаа противничкото водство, кај нас најистакнат во поле беше Какруки. На само две минути до крајот, нашите надежи се доближија до -2, сепак, Кевин Мартин со четири поени по ред ги успеаа да донесе предност која не успеавме да ја анулираме..
Во црвено-жолтата селекција повторно најефикасен беше варарецот Ваљмир Какруки со 16 поени, апак Дамјан Миса дуелот го заврши со 14 поени.