Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Лука Стојковски: Во ниеден момент не сум погрешил што сум голман, а како играч се надополнувам за полесна да ми биде голманската работа
Лука Стојковски: Во ниеден момент не сум погрешил што сум голман, а како играч се надополнувам за полесна да ми биде голманската работа

Лука Стојковски: Во ниеден момент не сум погрешил што сум голман, а како играч се надополнувам за полесна да ми биде голманската работа

Фудбалскиот клуб на Вардар има многу квалитетни голмани во своите младински екипи. Ние во следново интервју ве запознавме со чуварот на мрежата на генерацијата “2003“. Се работи за Лука Стојковски за кој слободно може да се каже дека поседува голем потенцијал и квалитет, еден ден да имаме можност да го гледаме на голот и на првиот тим на ФК Вардар. Лука веќе четврта година е дел од најголемиот клуб во Македонија, и четири години секој ден патува од Куманово да биде дел од тренинзите и натпреварите на својата екипа. Редок пример во Македонија, за играч кој со голема љубов го работи тоа што вистински го сака и за кој во иднина може многу да се зборува. Уште поредок пример е тоа што покрај на позицијата голман, успешно се снаоѓа и како играч, односно во улога намената да постигнува голови. Зад неговото име во есенскиот дел од сезоната се запишани пет погодоци, што е голема реткост не само во Македонија туку и во светскиот фудбал. Токму со Лука ќе ве запознаеме во следново интервју, кое е работена со голема желба и чест со оглед дека ја запознаваме фудбалската јавност сигурно со еден од најталентираните голмани во земјава на негова возраст.

1. Како се случи да започнете да тренирате фудбал, односно да бидете голман. Дали можеби сакавте друг спорт и дали во фудбалот биравте помеѓу играч и голман?

- Значи сосема случајно станав голман. Пред околу четири години со мојот роднина, кој тогаш беше дел од ФК Вардар одев на неговите тренинзи и се восхитував на другарчињата кои тренираа и се натпреваруваа во тогашната детска лига. Еднаш се случи, за време на натпреварот немаа голман и мојот роднина ме замоли јас да влезам и да бранам. Од тој момент во мене се јави желба да станам голман и да бидам дел од тимот. Значи заслуга за тоа што сум голман е мојот роднина и тогашниот тренер Илија и во ниеден момент немаше сомнеж дали сакам да бидам голман или играч.

2. Со оглед дека и вашиот брат е фудбалер, дали потекнувате од спортско семејство и колку често зборувате за фудбал кога сте заедно?

- Може да се каже дека потекнувам од спортско семејство. Мојот татко, брат ми и средината во која што живеам, за нив фудбалот е број еден. Јас и мојот брат многу време поминуваме играјќи, зборувајќи за фудбалот и неговите совети многу ми помагаат во реализирање на моите спортски активности. Навистина е големо богатство да имаш таков брат и родители кои неизмерно, несебично ми овозможуваат да го остварам мојот сон. Како што кажав доаѓам од средина каде што фудбалот е број еден, како резултат на тоа би сакал да ги спомнам познатите фудбалски имиња, добро познати на македонската и пошироката јавност, тука се: Вујадин Станојковиќ, Дејан и Ацо Стојановиќ и Далибор Стојковиќ. Се надевам во иднина дека уште многу добри фудбалери ќе излезат од мојот роден крај.

43

3. Со генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година станавте есенски шампиони со максимален број на освоени бодови. Може една ваша анализа за измината полусезона во регионалната скопска лига?

-Станавме есенски шампиони и се пласиравме во полуфинале на купот на Македонија. Ваквите резултати зборуваат дека со напорна работа, борба, дисциплина и добра координација на чело со тренерот Томче Трајановски и моите голмански тренери Љупчо Кметовски и Мутибариќ, со кој бев на припреми. Мислам дека повеќе од  заслужено се наоѓаме на врвот на табелата во оваа лига.

4. Имате можност да тренирате и работите со легенда како Мутибариќ а сега и со Љупчо Кметовски. Како е да се тренира со вакви мајстори кои се докажани во својата работа?

- Со тренерот Мутибариќ тренирам две години и повеќе, два до три дена во неделата по час и половина. Тренинзите секогаш се различни што значи дека учиме координација, техника, центар – шутеви и др. Работата со тренерот Мутибариќ ми беше основа во голманската работа, а веќе оваа сезона тренирам со тренерот Кметовски каде продолжувам со редовни тренинзи и работа за да можам да напредувам, впрочем тоа и е мојата цел.

vardarfans-luka-vo-uloga-na-igrac

5. Покрај тоа што сте добар голман, изгледа сте и добар голгетер. Во претпоследното есенско коло добивте можност да играте во нападот каде постигнавте два гола и од претходно имате три, значи пет погодоци зад вашето име во есенскиот дел од сезоната. Како го објаснувате ова со оглед дека ова е многу реткост не само во Македонија туку и пошироко. Дали сметате дека погрешивте што не станавте играч?

- Незнам како да објаснам, но едноставно тренерот Томче Трајановски ми даде можност да играм и оваа сезона. Освен петте погодоци имам и четири асистенции за мојот тим. Голема благодарност и до моите соиграчи, другари без кои мојот успех не би бил комплетен во оваа полусезона со примено два гола во купот и два во првенство. Сите резултати и успеси се плод на мојот труд и преголема љубов кон фудбалот, бидејќи фудбалот го играм со се срце. Во ниеден момент не сум погрешил што сум голман, а како играч се надополнувам за полесна да ми биде голманската работа.

6. Во последното есенско коло добивте можност да браните за генерација 2002 што беше ваше деби на официјален меч во оваа генерација. Колку ви значеше повикот од тренерот Ѓорѓиевски и дали сметате дека ова е резултат на вашиот квалитет?

- Повикот многу ми значеше од тренерот Ѓорѓиевски, и сметам дека навистина е плод на една дисциплинирана, сакана и упорна работа, затоа и сум многу благодарен на моите тренери.

7. Која е ваша најдрага награда што до сега ја имате добиено како голман?

- Не би сакал да издвојам ниту една, секоја е приказна сама за себе, за мојот труд. Еден ден можеби сите заедно ќе испечатат една книга.

8. Неколку збора ако може за проектот на Вардар, “Јуниор лигата“ и какво е вашето мислење за ова натпреварување?

- Сметам дека таков проект е многу добар и потребен за децата, бидејќи преку тој проект се остваруваат многу пријателства, желби и се откриваат млади таленти. Со проектот тежнееме да имаме здрави и спортски генерации.

muto-luka-660x330

9. Со изградбата на академијата добивте модерен тренинг центар, какви се условите за работа и тренинг на академијата?

- Условите се одлични. Значи, условите што ни ги овозможува академијата се неверојатни, се како што треба и доликува на еден клуб како што е Вардар. Со вакви услови нам ни останува само да го оправдаме сето тоа преку нашите успеси и награди.

10. Има ли визија за во иднина Лука и која е неговата желба за понатаму. Кои се вашите дострели и цели што ги имате зацртано?

- Секој спортист па и јас имам визија за во иднина. Тука нема да бидам скромен и гордо ќе кажам дека упорно, редовно, дисциплинирано ќе работам за да еден ден станам прв голман на мојот клуб Вардар и да ги бранам боите на репрезентацијата, а зошто да не и мрежите на некои светски клубови. Полека, сигурно, етапно сакам еден ден моите желби да станат реалност.

Звонко Ивановски