Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: До победа со Киелце можеме ако го играме мечот како да е финале
Гонзалес: До победа со Киелце можеме ако го играме мечот како да е финале

Гонзалес: До победа со Киелце можеме ако го играме мечот како да е финале

Нашиот  машки ракометен тим Вардар му гостува на Киелце в недела во меч од ЕХФ Лигата на Шампионите. дуелот ќе се игра во 18 часот.  Tој натпревар  ќе биде последен меч во Лигата на шампионите во оваа полусезона. Сепак имаме после овој дуел во оваа календарската  година  уште четири меча во регионалната СЕХА Гаспром лигата. Тренерот на вардарци, Раул Гонзалес за дуелот со полскиот и европски шампион изјави:

Јас очекувам многу интензивен натпревар, зашто Кјелце игра дома и има притисок да победи таму ако сака да биде прво место. Ако, пак, сакаме и ние треба да одиграме како да е финале. Тие имаат поголеми шанси од нас бидејќи играат дома, но никогаш не знаете што е подобро. И ние мислевме дека тука против Рајн-Некар ќе победиме, ама не беше така. А претходно во Германија игравме супер и неколку дена подоцна се беше поинаку. Имавме многу потешкотии со ситуацијата голман како играч во нашата одбрана, затоа трениравме таква ситуација и тоа е тоа. Мора да се знае дека сите екипи имаат многу добри играчи и не е лесно. Никогаш не можете да знаете, сите сакаме да победиме, но ќе видиме. Сакам да се фокусирам само на нашиот натпревар со Кјелце. Треба да одиме чекор по чекор. Имаме добра шанса затоа што сме прво место и ако сакаме да успееме таму треба да играме како што игравме на гости кај Рајн-Некар, но ќе биде тешко затоа што тие се, сепак, европски шампиони. И во СЕХА сме прво место, како во ЛШ, но таму се игра фајналфор на крајот од сезоната. Како стојат работите сега со сигурност ќе се пласираме, бидејќи разликата е голема, ама и покрај тоа треба да играме добар ракомет, затоа имаме 18 добри играчи и секогаш сакаме да играме добро.