Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Победа за женската ракометна репрезентација против Фарски Острови, денес се игра решавачкиот меч против Австрија
Победа за женската ракометна репрезентација против Фарски Острови, денес се игра решавачкиот меч против Австрија

Победа за женската ракометна репрезентација против Фарски Острови, денес се игра решавачкиот меч против Австрија

Женската сениорска репрезентација со победа го започна квалификацискиот турнир за пласман на СП кое во 2017 година ќе се игра во Германија. Избраничките на Симовски забележаа триумф против домашната селекција на Фарски Острови. Резултатот на овој натпревар гласеше 19:21.

Добро го започнавме мечот каде имавме водство од 1:3, но во продолжение од мечот, Фарски Острови се врати во игра каде го израмни резулатот и до крајот на првото полувреме се замина со нерешен резултат од 8:8. Мал број на погодоци следевме во овој дел од натпреварот. На стартот на вториот дел со голот на Ѓорѓијевска ги вративме оние највисоки два гола предност (11:9). Во текот на целото второ полувреме имавме предност, која најмногу достигна до три голови разлика. Поради некои грешки кои ги направивме во нападот не овозможија да го зголемиме водството и да влеземе во помирна завршница. Во еден момент пртоивникот намали на само еден гол негатива, но сепак квалитетот на нашите репрезентативки на крајот исплива на површина.

Сара Ристовска која настапува за Вардар беше најдобар стрелец со 6 постигнати голови. Теодора Керамитчиева постигна 4, додека еден гол додаде и капитенот на Вардар СЦЈС, Маја Трпковска.

Успеавме со победа го започнеме овој квалификациски турнир, кој ќе ни даде поголема самодоверба во пресрет на решавачките натпревари против Австрија и Исланд. Токму овие две селекции се сретнаа во првото коло, меч кој му припадна на Ислан со резултат 28:24. На денешната програма за Македонија е натпреварот со Австрија кој започнува од 16 часот. Само првите двепласирани репрезентации ќе обезбедат пласман во бараж натпреварите за СП.