Стојчевски со црвено-црните ги одработи подготовките во Анталија од каде беше “прекомандуван“ во тетовските сино- бели како позајмен играч. Вардар го остапи овој млад и надежен фудбалер со цел да обезбеди стандардно место и како млад играч да добие соодвета прволигашка минутажа и да стекне натпреварувачко искуство во најсилната наша фудбалска конкуренција.
Младиот Столе Стојчевски имаше солидна сезона во тимот од Тетово кој за жал ја напушти македонската фудбалска елита , но воедно настапи во финалето на купот на Р.М каде несреќно беше поразен од “Романтичарите“ . Стојчевски е повикан на лекарските прегледи кој наскоро околу 9-10 овој месец ќе се одржат за сите фудбалери на црвено-црните .