Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите и младинците го пречекуваат Шкупи на домашен терен, во предпоследното коло од лигата
Кадетите и младинците го пречекуваат Шкупи на домашен терен, во предпоследното коло од лигата

Кадетите и младинците го пречекуваат Шкупи на домашен терен, во предпоследното коло од лигата

Денес се игра предпоследното коло во првенството на младинските категории. Противник на сите наши генерации е екипата на Шкупи.

-Посебно важно коло и меч за кадетите на Фк Вардар, кои се во тесна борба за титулата со екипата на Шкендија. Разликата помеѓу овие два клубови е три бода, во корист на црвено-црните. Избраниците на Љупчо Марковски денес на теренот на Локомотива, го пречекуваат тимот на Шкупи. Дуелот е закажан за 15 часот. Истовремено Шкендија ќе гостува во Струмица, на екипата на Академија Пандев. Дали сите дилеми околу новиот владател, ќе бидат решени после ова коло, или ќе се решава во последниот натпревар, останува да почекаме до нивното завршување.

-Младинците исто така на домашен терен го пречекуваат Шкупи. Вардарци ќе бараат одмазда за елиминацијата во полуфиналето на купот, кога на теренот во Чаир бевме поразени со 2:0. Исто така на овој дуел, се случија многу немили сцени, закои допрва ФФМ треба да се произнесе. Црвено-црните се наоѓаат во одлична победничка серија. На последните четири мечеви забележаа три победи и еден нерешен дуел. На првиот натпревар одигран во лигата во есенскиот дел, Вардар оствари победа со резултат 1:3. Натпреварот ќе започне од 17 часот.

Фото: Тк Медиа