Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Остоја Стјепановиќ раскинува со Висла, на потег ФК Вардар!
Остоја Стјепановиќ раскинува со Висла, на потег ФК Вардар!

Остоја Стјепановиќ раскинува со Висла, на потег ФК Вардар!

Според последните информации кои ни доаѓаат од Полска, нашиот поранешен играч, и репрезентативец на Македонија Остоја Стјепановиќ нема да продолжи со полскиот тим екипата на Висла од Краков.
Откако не вродиле со плод последните преговори, по се изгледа Остоја ќе си побара нова средина за докажување, дали управата  на нашиот тим треба да се обиде да направи КАМ – БЕК на овој играч, кој во минатото со одлични настапи го носеше Вардар до титули…

Стјепановиќ овие денови треба да дојде и во Скопје, каде ќе се подготвува со репрезентацијата за мечот со Словачка. Дали ова треба да биде дополнителна позитивна околност, останува да видиме!
Фото: mnogoo.mk